Црна хроника
Излажал старец дека се семејни пријатели и му земал 10 илјади денари
Седумдесет и осумгодишен скопјанец во полиција пријавил дека бил измамен од непознато лице кое му се претставило како семеен пријател.
Според пријавата на 78-годишникот, измамникот дошол во неговиот дом и се претставил како брат на кумот на неговиот син. Притоа, тој побарал 10.000 денари на заем бидејќи, како што рекол, итно му требале за да плати царина за стока.
Старецот во придружба на измамникот пошол во банка за да извади пари и откако му ги дал, лицето заминало.
Тој подоцна телефонски исконтактирал со сцојот син по што сфатил дека бил измамен. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.