Црна хроника
Измамници зеле 750.000 денари од сопственик на фирма за наводно финансирање изборна кампања
Кривични пријави против двајца скопјани кои лажно се претставиле и во неколку наврати побарале и примиле пари од сопственик на приватна фирма за наводно финансирање изборна кампања на една политичка партија за претседателксите избори во 2019 година.
„Првопријавениот Б. Н., во договор со второпријавениот Т. П., во април и мај 2019 година во неколку наврати побарале и примиле парични средства во вкупен износ од 750.000 денари од раководно лице во приватна фирма. Тие го измамиле дека парите ќе бидат искористени како донација за финансирање на изборната кампања на една политичка партија за претседателските избори.
Второпријавениот на овој начин од оштетениот побарал и примил парични средства во износ од 200.000 денари. Тој се претставил лажно како портпарол на политичката партија. По тоа, пријавените во два наврата побарале и примиле парични средства од оштетениот во вкупен износ од 550.000 денари, наводно за финансирање на тековните трошоци на изборната кампања на политичката партија“, соопшти МВР.
СВР Скопје презеде соодветни мерки и со претходно издадена судска наредба извршен е претрес на домот, на лицето и на превозното средство заради пронаоѓање траги и предмети, при што одземени се предмети како доказ во кривичната постапка. По завршувањето на претресот, пријавените биле уапсени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.