Црна хроника
Импровизирана лабораторија за производство на марихуана откриена во куќа во Гевгелија, едно лице во притвор
Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Во една од собите на семејната куќа на улицата Илинденска во Гевгелија, во пластични саксии со хумусна земја, осомничениот засадил повеќе семки од растението канабис. Во периодот од декември 2021 до 25 март 2022 година редовно ги наводнувал и прихранувал со ѓубриво, ги осветлувал со ЛЕД-светилки и ги затоплувал. Кога растенијата дошле во фаза на цветање, ги собирал цветните завршоци, ги сушел и ги пакувал за продажба. При претрес во домот на осомничениот на 25 март биле пронајдени повеќе пакувања со поголемо количество марихуана, како и остатоци од исушени листови, цветови и гранки од канабис, но и опрема за одгледување на растението.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка во Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице бидејќи постојат околности што упатуваат на опасност од бегство и можност да го повтори делото. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.