Црна хроника
Инкасатор од Неготино трошел пари од наплата на сметки, негови колеги го потпомагале
Инкасатор од Неготино се служел со парите што ги земал при наплата на сметки од граѓаните.
Предизвикал материјална штета од 250.631 денари, информираат од МВР.
Полицијата во Велес поднесе кривична пријава против лицето С. Л. (46) од Неготино, службено лице инкасатор, поради сомнение за сторено кривично дело послужување во службата, С. Д. (44) од Неготино, раководител на административното одделение, и М. А. (60) од Велес, одговорен благајник, вработени во ЈПКР „Бошава“ – Демир Капија, поради сомнение за сторено кривично дело несовесно работење во службата, додаваат од ресорното Министерство.
Од таму објаснуваат дека првопријавениот, во периодот од 2019 до декември 2020 година, кај себе чувал наплатени сметки и не доставени од повеќе корисници, кои не ги предал во разумен временски период и неовластено се послужил со парични средства што ги наплаќал од корисници – физички лица на претпријатието за комунални услуги користејќи ги за сопствени цели.
С. Д. и М. А. со искористување на својата положба и овластувањата и со неизвршување службени должности го потпомагале првопријавениот, со што на претпријатието му предизвикале материјална штета од 250.631 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.