Црна хроника
Инспектор се здобил со струен удар при преглед на товарен воз
Инспекторот по животна средина на Граничниот премин Железничка станица Табановце се здобил со струен удар при преглед на товарен воз.
„Б.З.(43) од селото Слупчане, општина Липково, се здобил се тешки телесни повреди при струен удар. Б.З. вршел преглед на теретен воз кој сообраќа на релација Унгарија –Грција, кој бил во композиција од 15 вагони. Се качил на вагон-цистерна од која истекувало натриумхиперхлорид и во еден најверојатно ги допрел жиците со струја со висок напон, при што дошло до струен удар, а тој бил отфрлен од цистерната и паднал на земја. Б.З. се здобил со изгореници по целото тело и со екипа на Итна медицинска помош бил во Медицински центар Куманово, од каде бил препратен на КАРИЛ при комплексто клиники „Мајка тереза“ во Скопје“, соопшти МВР.
Увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од СВР Куманово и инспектор за заштита и здравје при работа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.