Црна хроника
Истрага за поседување пиштол и муниција без дозвола
Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против лице осомничено за неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396, став 1 од Кривичниот законик.
Истрагата е отворена бидејќи полициски службеници при личен преглед на осомничениот на 20 јануари утврдиле дека тој во појасот од десната страна неовластено држел огнено оружје – пиштол „црвена застава М70“ во калибар од 7,65 мм. Освен тоа, осомничениот кај себе имал и една рамка со осум куршуми за пиштолот.
Со оглед на тоа што утврди дека во конкретниот случај постои опасност од бегство на осомничениот и можност тој да го повтори кривичото дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.