Црна хроника
Истрага за пронајдена импровизирана лабораторија за марихуана и масло од канабис во Гевгелија
Две лица во Гевгелија произведувале марихуана и масло од канабис по што дрогата ја продавале. Дрогата и опремата за производство во импровизирана лабораторија биле откриени при претрес во викенд-куќа во која престојувале осомничените.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе истражна постапка за двете лица за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
Осомничените кај местото наречено Големи Јавори произведувале наркотична дрога марихуана и масло од канабис. Во фолија-пластеник имале засадено повеќе корени од растението канабис сатива, кои редовно ги наводнувале. Кога растенијата дошле во фаза на цветање, тие собрале, исушиле и спремиле за продажба вкупно 1.458,43 грама марихуана во разни пакувања, а 57 гранки ги сушеле заради производство на масло од канабис во импровизирана лабораторија. Кај нив биле пронајдени и 1,5 литар масло од канабис во пластично шише. Во фолијата останале уште 20 корени од растението со висина од 0,2 до 2,4 метра, кои продолжиле да ги наводнуваат и ги чекале да созреат. Наркотичната дрога и опремата за производство во импровизирана лабораторија биле откриени при претрес во викенд-куќата во која престојувале осомничените.
Во истата викендичка двајцата осомничени на 21 октомври им овозможиле на двајца сведоци да употребуваат наркотична дрога марихуана, така што им отстапиле посебна просторија за тоа. При претресот кај двајцата сведоци биле пронајдени помали количества марихуана во рачно изработени цигари.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени поради опасност од бегство, можност да се обидат да ги прикријат трагите од кривичното дело или да го повторат делото. Судот го прифати предлогот и им определи притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.