Црна хроника
Истрага против возач кој под дејство на алкохол и наркотици прегазил велосипедист во Маџари
Скопското Јавно обвинителство ќе поведе постапка против 25-годишник за кој постои сомнение дека сторил тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, како и кривично дело неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.
На 4 декември осомничениот 25-годишник управувал автомобил „форд фокус“, во сопственост на неговиот татко, без да поседува важечка возачка дозвола, под дејство на алкохол од 1,65 промил и со присуство на тетрахидроканабинол (THC) во крвта и урината.
На крстосницата на улицата Маџари со улицата Палмиро Тољати не почитувал поставени знаци за пат со првенство на минување, а брзината на движење не ја приспособил кон состојбата и условите на патот и кон густината на сообраќајот.
Притоа со возилото со кое управувал удрил во задниот дел на велосипед марка „рог“, управуван од оштетеното лице. По несреќата, наместо да укаже помош, осомничениот веднаш го напуштил местото. Велосипедистот добил тешки повреди од кои починал на самото место.
Јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување притвор за осомничениот бидејќи постои опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците и очевидците на несреќата, како и оправдан страв дека тој би можел да го повтори кривичното дело.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.
Црна хроника
Во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Охрид-Кичево тешко повредена кумановка
Вчера во 21.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 60-годишниот И.А. од Куманово, удрило во бетонска преграда од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка М.Ш.(36) од Куманово, констатирани во Медицински центар Кичево“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.
Црна хроника
108 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, шест мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за некористење сигурносен појас.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.