Црна хроника
Истрага против жител на Арачиново поради недозволено поседување оружје и муниција
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против Жител на Арачиново за кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и муниција.
Осомничениот 21-годишен жител на Арачиново, во својот автомобил „ауди 4“ неовластено држел оружје и муниција – полуавтоматски пиштол Токарев ТТ-33 со калибар 7,62Х25 мм, како и пет куршуми од тој калибар. Оружјето било пронајдено на 8 септември, кога овластени полициски службеници го пресретнале осомничениот на клучката Арачиново во правец кон населба Ченто.
Со цел обезбедување присуство на осомничениот во текот на постапката, надлежниот јавен обвинител на судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје му предложи да определи мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, обврска осомничениот да се јавува во Основниот кривичен суд Скопје, како и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.