Црна хроника
Истрага против 37-годишен скопјанец за убиство на невенчаната сопруга
Основното јавно обвинителство Скопје донесе нредба за спроведување истражна постапка против едно лице, скопјанец на возраст од 37 години за убиство на невенчаната сопруга.
Телото на починатата беше пронајдено од минувачи на 5 август 2019 година, во атар на селото Горно Оризари, во близина на локалниот пат кој води од Шуто Оризари. Телото било таму оставено, откако осомниченот на 3 август околу 15:30 часот го извршил кривичното дело при вршење семејно насилство кон жртвата со која живеел во вонбрачна заедница. По настаната вербална расправија, осомничениот започнал со тупаници да ја удира жртвата по главата, по што ѝ нанел две убодни рани од кои настанале тешки телесни повреди со смртен исход.
Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителсто Скопје, со поведување на истражната постапка поднесе предлог до Судот за определување на мерката притвор за осомниченото лице, поради постоење на опасност од бегство и опасност од влијание врз сведоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.