Црна хроника
Казнети над 30 возачи за брзо возење во Скопје
Во текот навчерашниот ден на подрачјето на Скопје полицијата презеде мерки и активности, при што констатирано е дека 32 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај е исклучен 21 возач од кои: тројца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 16 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување моторно возило и двајца возачи почетници кои не ги почитувале сообраќајните прописи согласно ЗБСП.
Исто така, исклучени од сообраќај се и четири возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се седум возачи поради поминување крстосница на црвено светло, четири возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, четири возачи поради недавање првенство на минување возила во зона на крстосница, седум возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, 22 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 23 возачи поради користење мобилен телефон при управување на возило.
Во однос на пешаците, санкционирани се седум пешаци поради поминување коловоз надвор од пешачки премин и еден пешак поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издаден е 61 мандатен платен налог и 50 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.