Црна хроника
Казнети 114 возачи поради брзо возење
Во текот на изминатите денови на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 34 сообраќајни незгоди од кои 16 сообраќaјни незгоди со телесни повреди и 18 со материјална штета. Во сообраќајните незгоди 34 лица се здобиле со телесни повреди.
Од преземените мерки и активности констатирано е дека 114 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 57 возачи од кои: 12 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 35 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување моторно возило и 10 возачи затоа што биле возачи почетници. Исто така, исклучени од сообраќај се и 20 возила бидејќи биле нерегистрирани.
Санкционирани се 11 возачи поради поминување крстосница на црвено светло, четири возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престројување, четири возачи поради неправилно престигнување, четворица поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, девет возачи поради неносење пропишана зимска опрема, 10 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и четири возачи поради користење мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 115 мандатни платни налози и 75 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Тетовец агресивно се однесувал со полицаец што вршел обезбедување на претседателските избори
Вчера, во 18.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ. Ј. (37) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник што вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.