Црна хроника
Казнети 12 возачи кои зборувале на мобилен
Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно девет сообраќајни незгоди од кои една сообраќајна незгода со загинато лице, две со тешки телесни повреди, една со телесни повреди и пет со материјална штета.
Во сообраќајните незгоди едно лице го загубило животот, две лица се здобиле со тешки телесни повреди и едно лицe се здобило со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 17 возачи управувале возило со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 11 возачи, од кои двајца затоа што управувале возило под дејство на алкохол и девет возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај се и седум возила бидејќи пет биле нерегистрирани и две возила биле технички неисправни.
Санкционирани се седум возачи поради поминување крстосница на црвено светло, девет поради неправилно престројување, пет возачи поради неправилно престигнување, еден возач поради не давање првенство на минување на возила во зона на крстосница, двајца поради не носење пропишана зимска опрема, 19 возачи поради не носење сигурносен појас и 12 возачи поради користење мобилен телефон при управување со возило. Во однос на пешаците, санкционирани се шест пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 96 мандатни платни налози и 72 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.