Црна хроника
Казнети 15 возачи што немале зимска опрема
Во текот на изминатите денови на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 25 сообраќајни незгоди, од кои две со тешки телесни повреди, 11 со телесни повреди и 12 со материјална штета.
Во сообраќајните незгоди две лица добиле тешки телесни повреди и 22 лица телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 91 возач управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 90 возачи, од кои: 38 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 44 возачи управувале возила, без да стекнат право за управување моторно возило, и осум возачи затоа што биле возачи почетници.
Исто така, исклучени од сообраќај се и 27 возила бидејќи 26 биле нерегистрирани, а едно возило поради претовар. Санкционирани се 20 возачи поради поминување крстосница на црвено светло, пет поради недавање првенство на минување на пешаци, еден поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување, 15 поради непоседување пропишана зимска опрема, шест возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување моторно возило и 15 возачи поради користење мобилен телефон при управување возило. Во однос на пешаците, санкционирани се пет пешаци поради поминување коловоз надвор од пешачки премин. Издадени се 114 мандатни платни налози и 71 возило се подигнати со специјално возилото „пајак“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата повредени
Синоќа, на булеварот Партизански одреди во Скопје, мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е. П. (27) од Скопје, удрил во пешакот Н. Ѓ. (30) од с. Рашче, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а мотоциклистот добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.