Црна хроника
Казнети 53 возачи поради пребрзо возење
Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 53 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 30 возачи, од кои: 22 возачи затоа што управувале возила без да стекнат право за управување моторно возило, двајца затоа што биле возачи почетници и шест возачи поради сторени други сообраќајни прекршоци. Исто така, исклучени од сообраќај се и 18 возила бидејќи биле со истечена важност на сообраќајната дозвола.
Санкционирани се седум возачи поради поминување крстосница на црвено светло, еден поради недавање првенство на минување пешаци, двајца поради неправилно престројување, 17 возачи поради неправилно престигнување, еден поради недавање првенство на минување возила во зона на крстосница, пет возачи на моторцикли поради неносење заштитен шлем, тројца поради неносење сигурносен појас за време на управување моторно возило и 12 возачи поради користење мобилен телефон при управување возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 82 мандатни платни налози и 50 возила се подигнати со специјалното возило „пајак“. Изминатиот ден се случиле 12 сообраќајни незгоди, во кои три лица добиле телесни повреди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.