Црна хроника
Казнети 92 возачи поради пребрзо возење
Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 92 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 40 возачи, од кои: шест возачи затоа што управувале возило под дејство на алкохол, 22 возача затоа што управувале возила, без да стекнат право за управување моторно возило, пет возачи затоа што биле возачи почетници и седум возачи за сторени други сообраќајни прекршоци.
Исто така, исклучени од сообраќај се и 21 возило бидејќи 19 биле нерегистрирани и две возила биле технички неисправни. Санкционирани се шест возачи поради поминување крстосница на црвено светло, тројца поради неправилно престројување, тројца возачи поради неправилно престигнување, шест возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, 10 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување моторно возило и 12 возачи поради користење мобилен телефон при управување возило.
Во однос на пешаците санкционирани се четворица пешаци поради поминување коловоз надвор од пешачки премин и 10 пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 58 мандатни платни налози и 42 возила се подигнати со специјалното возило „пајак“. Изминатиот ден се случиле пет сообраќајни незгоди во кои едно лице добилo тешки телесни повреди, а четири телесни повреди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетничка од Куманово нападната од соученик
Вчера велер во 21.32 часот во СВР Куманово, 36-годишната З.Ф. од Куманово, пријавила дека додека се враќала од училиште нејзината малолетна ќерка со остар предмет била нападната од нејзин соученик, извести МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Кривична против тетовец: ја држел својата снаа затворена во домот и ја тепал
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 73-годишниот А.К. од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и „загрозување на сигурноста“, извести МВР.
„Имено пријавениот, својата снаа ја држел затворена во домот, физички ја напаѓал во повеќе наврати и и нанел повреди“, соопшти МВР.
Црна хроника
Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош
Вчера, во 13 часот, во Полициската станица Карпош од Јавната установа за згрижување на деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник, 17-годишниот Ч. С., кој и претходно се оддалечувал и бил враќан, извести МВР.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.