Црна хроника
Казни за двајца скопјани и четворица велешани поради непочитување на здравствените прописи
Основните јавни обвинителства во Скопје и Велес доставија предлог за издавање казни против двајца скопјани и четворица велешани поради непочитување здравствени прописи за време на епидемијата.
Првиот обвинет скопјанец на 18 март на граничниот премин Деве Баир, враќајќи се од Бугарија, потпишал изјава дека ќе се самоизолира во траење од 14 дена во својот дом во Крушопек. Но, не постапил според прописите и наредбите на Владата, со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразната болест Ковид-19. На 19 март, при полициска контрола, 42-годишниот обвинет не бил затекнат во својот дом.
Вториот обвинет скопјанец, пак, на 24 март во 23.50 часот не ја почитувал одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, донесена со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, па со патничко моторно возило„ фолксваген голф“ се движел по локалниот пат од Кондово кон Сарај. При обид да биде контролиран од страна на полициски службеници обвинетиот 29-годишник не застанал и продолжил да се движи.
Надлежниот јавен обвинител на Основниот кривичен суд Скопје му предложи на двајцата обвинети да им изрече парични казни од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.
Обвинетите, двајца жители на Велес и двајца жители на Градско, не ја почитувале одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија донесена со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.
Надлежниот јавен обвинител на Основниот суд Велес му предложи на обвинетите да им изрече парични казни во висина од по 40 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.