Црна хроника
Казни за петмина скопјани кои го прекршиле полицискиот час, еден од нив имал и лажна дозвола
Скопското Основното јавно обвинителство поднесе предлози за казни против четири лица за кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
Обвинетите биле затекнати како се движат на различни локации низ градот за време на полицискиот час, определен како мерка за сузбивање на ширењето на коронавирусот.
За четворицата обвинети јавните обвинители му предложиле на судот да изрече парични казни од по 10 дневни глоби, со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.
За еден скопјанец, пак, поднесено е обвинение за кривично дело фалсификување исправа.
Обвинетиот на 17 март бил затекнат како се движи на улицата Цветан Димов за време на полицискиот час, при што употребил лажна исправа – дозвола за движење на вработен поради континуитет на работниот процес.
Меѓутоа, утврдено било дека тој во наведената фирма извршувал работни активности само во периодот од 8 до 16 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
108 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, шест мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за некористење сигурносен појас.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.