Црна хроника
Казни за 263 возачи, возеле над дозволената брзина
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на државата за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што биле казнети 263 возачи. Од нив, 22 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 101 возач ја пречекориле брзината во населено место, а 162 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР, и од таму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
167 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје вчера продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, девет мерки за користење на мобилен телефон при возење…
Црна хроника
Четири лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Четири лица пријавиле во полициска станица дека биле искасани од кучиња скитници вчера во Скопје.
На 26.03.2024 во 12.55 часот во Полициската станица Центар, А.К.(24) од Прилеп пријавил дека на ул.„Орце Николов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 26.03.2024 во 13.35 часот во Полициската станица Центар, И.А.(60) од Скопје пријавил дека на ул.„Радњанска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 26.03.2024 во 13.50 часот во Полициската станица Центар, В.В.(57) од Охрид пријавил дека во Скопје, на подрачјето на Центар бил каснат од куче скитник.
На 26.03.2024 во 12.45 часот во Полициската станица Аеродром, Д.К.(53) од Скопје пријавила дека на ул.„Беласица“ во Скопје била касната од куче скитник.
Црна хроника
Кумановец измамен од две лица за 800 евра, му кажале дека направиле сообраќајка и му дале лажни дијаманти во замена за пари
Вчера во 14.30 часот во СВР Куманово, 73-годишен маж од Куманово пријавил дека на плоштадот „Македонија“ во Скопје бил измамен од две лица за сума од 800 евра, извести МВР.
„Според пријавеното, лицата му кажале дека направиле сообраќајна незгода и дека им требаат парите за да одат на лекар и за возврат ќе му дадат дијаманти, а откако ќе завршат ќе се вратат и ќе му ги дадат парите. Како што е пријавено, тој им ги дал парите, а тие му дале накит за кој подоцна утврдил дека е бижутерија. Исто така, според пријавеното, лицата не се вратиле, по што сфатил дека е измамен“, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.