Црна хроника
Казни за 400 возачи на мотоцикли, 84 возеле без дозвола
Во периодот од 6.6.2022 до 12.6.2022 била спроведена засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што биле санкционирани 400 возачи, соопшти МВР.
Од нив, 242 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 84 возеле без возачка дозвола, 13 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола, 18 поради истечена осигурителна полиса, 14 мотоцикли биле нерегистрирани, а санкционирани се и други прекршоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најави полицијата. Апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.