Црна хроника
Камион и автомобил се судрија во Србија, загина македонски државjанин
Македонски државјанин загина во сообраќајна несреќа во Србија, на потегот од Београд кон Добановци. Сударот се случил помеѓу автомобил и камион кој бил дел од конвој со полициска придружба. Македонецот бил на 35-годишна возраст.
Во истсата несреќа што се случила синоќа четири други лица се повредени и со брза помош се префрлени на лекување. Се претпоставува дека несреќата ја предизвикал камионот од конвојот, но, како дошло до несреќата, ќе утврдува истрагата.
„Во несреќата учествувале четири возила од конвојот меѓу кои бил и возач од Полска за кого се сомневаме дека ја предизвикал несреќата. Тој е задржан и одредено му е задржување до 48 часа, по што ќе биде спроведен во Обвинителството“, објаснува извор за српски „Курир“.
Инаку, камионите кои што транзитираат низ Србија имаат полициска придружба, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот кој зема замав на нивната територија. Камионите не можат да застануваат онаму каде тие сакаат, туку само на места предвидени за таа намена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.