Црна хроника
Кичевец силувал 14-годишно девојче, настанот го забележал случаен минувач
Шеесет и четиригодишен кичевец силувал 14-годишно девојче во дел од градот каде што има помало движење на луѓе. Настанот го забележал случаен минувач, кој пријавил во полиција.
Основното јавно обвинителство – Гостивар соопшти дека во текот на вчерашниот ден во Кичево лице на возраст од 67 години извршило полов напад врз дете на возраст под 14 години. „Нападот се случил во попладневните часови во дел од градот каде има помало движење на луѓе. Настанот го забележал случаен минувач кој веднаш пријавил во Министерството за внатрешни работи. Кратко потоа осомниченото лице кое избегало било уапсено“, велат од Обвинителството.
Против него е отворена истражна постапка за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“, за што е предвидена затворска казна во времетраење од најмалку 12 години. Обвинителството поднесе предлог до судот за определување мерка притвор за осомниченото лице.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.