Црна хроника
Кочанец, додека гласал, ѝ дофрлал на сопругата кој број да го заокружи, доби кривична пријава
Кочанец, додека гласал, ѝ кажал јавно на сопругата кој број да го заокружи.
Против него е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторeно кривично дело повреда на тајноста на гласањето.
С. М. (67), додека го остварувaл своето гласачко право на локалните избори на избирачко место 0835 во Кочани, јавно ѝ кажал на својата сопруга кој број да го заокружи, а кога бил предупреден од Избирачкиот одбор, јавно кажал за кој број гласал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.