Црна хроника
Крадец на излегување од куќата се сретнал со газдата и му се заканил со пиштол
Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против А.А. (37) од Урошевац, Косово, а со постојано место на живеење во село Инџиково, Скопско, поради извршени три кривични дела, и тоа „разбојничка крaжба“, „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „тешка кражба во обид“, при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 123 000 денари.
Во првиот случај од 14/15.03. годинава, во ноќните часови во кебапчилница на ул. Маџари во Скопје, А.А. со употреба на погоден предмет го отворил прозорецот од објектот, влегол внатре, но не одзел ништо бидејќи се вклучил алармот.
Во вториот случај, пак, од почетокот на месецов, односно на 02.06. во периодот од 20:00 до 21:00 часот, А.А. со употреба на погоден предмет и физичка сила влегол во куќа на ул. Иван Цанкар во Скопје при што одзел 2 000 евра, мобилен телефон, пет машки часовници и машки парфеми. На излегување од куќата се сретнал со сопственикот и му упатил закана дека има пиштол, по што оштетениот се исплашил и побегнал, а А.А. исто така го напуштил местото на настанот.
По преземени мерки и активности на 22 овој месец врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот на пријавениот при што биле пронајдени и одземени пари и други предмети кои потекнуваат од кривични дела. При претресот, исто така, биле пронајдени и одземени и една пушка со преклопен кундак непозната марка и калибар, една рамка наменета за пушка со четири куршуми непознат калибар, 21 куршум за огнено оружје непознат калибар, еден пластичен пиштол со рамка, еден револвер непозната марка и еден електропарализатор. На одземеното оружје било извршено вештачење, при што било утврдено дека се работи за исправно функционално автоматско огнено оружје од кинеско производство. А.А. е лишен од слобода и приведен во Полициската станица Карпош, информираат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.