Црна хроника
Кривична за малолетниците што фрлија молотов коктел на Музејот на албанска азбука
СВР Битола поднесе кривична пријава против четири лица на возраст од 16 до 17 години и тоа три лица од Битола и едно лице од Демир Хисар) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
Имено, на 7 март околу 3 часот пријавените, откако изработиле четири „молотови коктели“, се упатиле кон Национална установа „Музеј на албанската азбука“. Кога пристигнале, запалиле дел од нив со цел да го опожарат објектот.
СВР Битола, по преземените мерки и активности, обезбеди повеќе материјални докази кои укажуваат дека пријавените се извршители на кривичното дело./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кучиња скитници искасаа три лица во Скопје
Синоќа во 20.45 часот во Полициската станица Аеродром, К.И.(48) од Скопје пријавила дека на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден околу 14.20 часот во Полициската станица Карпош, Б.Р.(54) од Скопје пријавил дека во Градскиот парк во Скопје бил каснат од куче скитник.
Вчера во 15.45 часот во Полициската станица Драчево, А.Н.(52) од Скопје пријавил дека на ул.„Јустинијан Први“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Возило излетало од патот Куманово – Скопје, возачот тешко повреден
Синоќа, во 19.20 часот, во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Скопје, кај с. Ново Село, Кумановско, патничко возило „сеат“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од А. З. (20) од Куманово, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен бил увид од екипа на СВР Куманово.
Црна хроника
Приведени крадци во Битола
Вчера, во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода К. Б. (30) и Н. Б. (41), двајцата од Битола.
При претрес во домот на К. Б., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пари во разни апоени и повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело тешка кражба по член 236 од Кривичниот законик.
А при претрес во домот на Н. Б., извршен исто така со судска наредба, биле пронајдени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело тешка кражба по член 236 од Кривичниот законик.