Црна хроника
Кривична за разбојник кој од продавници во Центар украл над 2.000 евра
Скопската полиција до надлежното Основно јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против 21-годишник од Скопје поради сомнение дека извршил четири кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „тешка кражба во обид“, со што противправно се стекнал со околу 147.200 денари (2.400 евра).
Како што информираат од МВР, пријавениот ги извршил делата во периодот од август до октомври годинава на подрачјето на општина Центар. Тој со употреба на сила и погоден алат влегувал во продавници, книжарница, една приватна фирма и одземал пари, платежни картички и други предмети.
По преземени мерки од страна на полицијата на 28. октомври, разбојникот бил приведен во Полициската станица Бит-пазар. Тој ги признал делата и ги посочил местата каде биле дел од одземените предмети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Двајца уапсени, пукале пред кафеана во Охрид
Денеска во 00.15 часот пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа 67-годишниот К.Б. и 37-годишниот М.П., двајцата од Охрид, извести СВР Охрид.
„Тие, претходно го нарушиле јавниот ред и мир со пукање во воздух од пиштол „Радом“ калибар 9 милиметри, сопственост на М.П.“, велат од СВР Охрид.
Пиштолот е одземен и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Нападната и ограбена охриѓанка, со тешки повреди пренесена во болница
Вчера во 10.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Марко Несторовски“ во Охрид, едно лице физички ја нападнало 53-годишната О.Т. од Охрид и ѝ одзел пари, извести СВР Охрид.
„Притоа, таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид“, велат од СВР Охрид.
За настанот, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Три лица пријавиле во полициските станици во Скопје дека биле каснати од куче скитник во текот на вчерашниот ден, извести МВР.
На 28.03.2024 во 18.45 часот во Полициската станица Аеродром, Л.Ј.(64) од Скопје пријавила дека на пешачка патека во населбата Ново Лисиче во Скопје била касната од куче скитник.
На 28.03.2024 во 12.40 часот во Полициската станица Карпош, М.Ч.(34) од с.Катланово, скопско, пријавила дека на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 28.03.2024 во 17.00 часот во Полициската станица Гази Баба, А.Д.(21) од Скопје пријавил дека на ул.„Финска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.