Црна хроника
Кривична за скопјанец кој правел бизниси во име на непостојна фирма
Штипската полиција поднесе кривична пријава против 34-годишен скопјанец поради сомнение дека сторил кривични дела измама и оштетување или повластување доверители.
Пријавениот во текот на декември минатата година ги довел во заблуда одговорните на три правни лица од Штип.
Тој од нив порачал и во неколку наврати набавил трговска стока преку фактура во вкупен износ од 2.099.981 денар лажно претставувајќи се како сопственик и управител на позната и голема скопска фирма (која не постои и никогаш не постоела), при што ги оштетил штипските фирми.
Исто така, во текот на октомври минатата година, застапувајќи правно лице од Скопје, со претходно дадени овластувања во име и за сметка на правното лице, ополномоштен на 27 јануари 2017 од управителот, иако знаел дека правното лице е неспособно за плаќање со блокирана сметка и во постапка за ликвидација, во два наврата од друго правно лице од Штип набавил 150 канти за отпадоци во вредност од 200.010 денари, кои веднаш ги продал на црно, со што го оштетил доверителот за наведениот износ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.