Црна хроника
Кривична за фирма од Кумановско, не го одгледувале канабисот по пропишаните услови
На 18.08.2022 полициски службеници од Бирото за јавна безбедност – Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, во координација со Комисијата за одобренија за одгледување канабис за медицински цели и полициски службеници од СВР Куманово врз основа на претходно обезбедена Наредба за претрес во објект на правно лице, издадена од судија на претходна постапка од Основен суд Куманово, изврши претрес и контрола во подружница на правно лице за одгледување на канабис во медицински цели во село Старо Нагоричане.
При контролата било констатирано дека 19 растенија од канабис се одгледуваат во надворешни услови, иако субјектот не поседува дозвола за одгледување во надворешни услови, односно спротивно на условите пропишани со Законот за контрола на опојни дроги, а во сеф-собата биле пронајдени неевидентирани 185 семки од растението канабис и 8 килограми и 985 грама растителна маса од канабис.
Пронајденото е одземено, а од извршената контрола од страна на Комисијата за одобрувања на одгледување на канабис во медицински цели беше констатирано дека правното лице одгледува канабис за медицински цели во услови спротивни на пропишаните во Законот, за што беше известен Јавен обвинител од ОЈО Куманово и по комплетно документирање на материјалот од страна на СВР Куманово против сите инволвирани лица (одговорни лица во правното лице), како и против правното лице до ОЈО Куманово ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 95-В од Закон за контрола на опојни дроги.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.