Црна хроника
Кривична пријава за гостиварец кој со нож нападнал жена
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 40-годишен гостиварец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело загрозување на сигурноста.
На 6.1.2020 во 17 часот, во близина на угостителски објект на улицата ЈНА во Гостивар, поради нарушени брачни односи и претходна расправија, пријавениот физички ја нападнал Ф. Н. (35) од Гостивар, која при обид да му го одземе ножот што тој го извадил, добила повреди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.