Црна хроника
Кривична пријава за две лица за злоупотреба на службена положба
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднела кривична пријава против М.К.(47) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување” и ,,фалсификување службена исправа” и против Н.М.(24) од Сојузна Република Германија поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување” и „употреба на исправа со невистинита содржина”.
Првопријавениот, вработен во Управата за водење на матични книги, подрачно одделение за матично работење Скопје, на второпријавената и издал извод од матична книга на родените за нејзината малолетна ќерка и во него внел невистинит матичен број и место на раѓање.
Ваквиот извод таа го употребила во прилог на барање за издавање на пасош на својата малолетна ќерка поднесено во Амбасадата на РСМ, во Бон, Сојузна Република Германија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.