Црна хроника
Кривична пријава за две лица од Грчец за поседување оружје
СВР Скопје – Единица за насилен криминал со кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против З .Љ. (35) и А. Љ. (41) поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.
„На 7.12.2019, околу 5.45 часот, кога на повеќе локации во с. Грчец, меѓу кои и во домовите на пријавените, се извршени претреси врз основа на судска наредба, полициски службеници не ги затекнале пријавените во своите домови.
Притоа за време на претресите во с. Грчец, полициски службеници, кои го обезбедувале поширокиот периметар во с. Грчец, забележале осум лица, од кои еден од нив имал автоматска пушка. Притоа некои од тие лица влегле во џип „либерти“ по што почнале да бегаат со него, но потоа го оставиле возилото и се дале во бегство. Во оставеното возило биле пронајдени и подигнати автоматска пушка „АК-47“ – „калашников“ во калибар 7,62×39 мм, пиштол „застава М57“ во калибар 7,62×25 мм и пиштол „застава М88“ во калибар 9 мм. По извршеното вештачење, биле утврдени траги од пријавените.
На 26.1.2020 првопријавениот З. Љ. се пријавил во Полициската станица Ѓорче Петров по што е предаден до надлежното Основно јавно обвинителство за понатамошно постапување, а за второпријавениот А. Љ. е распишан централен распис“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.