Контакт

Црна хроника

Кривична пријава за несовесно работење против петмина полициски службеници од Велес

Објавено пред

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди на МВР постапувајќи по примена анонимна претставка за настан којшто се случил на 9 декември минатата година во селото Горно Врановци, општина Чашка, поднесе кривични пријави против
петмина полициски службеници од Велес поради несовесно работење.

dobivaj vesti na viber

Според внатрешна контрола, станува збор за полициските службеници – З.Ј. Е.Т., Т.А. и Т.И. сториле повреда на работниот ред и дисциплина, додека М.А. сторил повреда на работниот ред и дисциплина, поради што ќе биде предложена иницијатива за поднесување предлог за утврдување на нивна дисциплинска одговорност.

„По сите направени проверки констатирано е дека полициските службеници З.Ј. како тогашен началник на СВР Велес, М.А. како помошник на началникот на СВР Велес, Т.А, како командир на ПСОН Велес, Е.Т. како началник на Одделението за полиција при СВР Велес, Т.И. како водич на безбедносен реон во ПО Чашка, сториле повреди на низа интерни правни акти на МВР особено во делот на надлежностите и обврските за постапување, но и повреди на одредби на Кривичниот закон и Законот за кривична постапка“, соопшти полицијата.

Во продолжение го пренесуваме соопштението на МВР во целост:

„Според изнесените наводи во анонимната претставка на 09.12.2019, во с. Горно Врановци, при вршење на контрола од страна на полициски службеници од ПО Чашка, ПСОН Велес, бил сопрен трактор со приколка натоварен со дрва, при што од полициските службеници било повикано засилување, бидејќи на местото на настанот пристигнала голема група жители од околните села, по што на лице место дошле други полициски службеници со формациско вооружување и полна опрема (панцири), а исто така и увидна екипа од СВР Велес, која извршилe фотографирање на моторното возило и дрвата.

Поради големиот притисок да не се одземат тракторот и дрвата, на лице место пристигнале и полициските службеници началник на СВР Велес З.Ј., началник на Одделението за полиција Е.Т., а нешто подоцна и командирот на ПСОН Велес Т.А. и помошникот началник на СВР Велес, М.А. На лице место бил и градоначалник на Општина Чашка, како и полициски службеници од Шумска полиција.Од присутните раководни полициски службеници, во постапувањето по настанот биле дадени насоки настанот да се заведе како “пронајдени предмети – дрва‘‘ , а тракторот со приколката да се врати на сопственикот, а изготвените фотографии од увидната група да не се изработуваат.

Затоа ОВККИПС спроведе целосни проверки на изнесените наводи околу настанот при што ја утврди следната фактичка состојба:
Имено, на 09.12.2019 год., околу 15,40 часот во ПО Чашка – ПСОН Велес, СВР Велес, по телефон, се јавил полицискиот службеник Т. А., командир во ПСОН Велес, пренесувајќи известување, наводно од “пријателска врска“, дека на локалитет над мотелот кај с. Горно Врановце, од страна на непознати сторители имало исечени дрва, и притоа наредил да се испрати полициска контрола од ПО Чашка (каде што во тоа време немало назначен командир). Набргу, на местото на настанот биле испратени двајца полициски службеници од ПО Чашка. Истовремено командирот на ПСОН Велес за настанот го известил и началникот на Одделението за полиција при СВР Велес Е.Т., а од негова страна до полициската патрола на терен биле пратени и координатите за местото каде имало нелегална сеча.

Откако околу 16,00 часот двајцата полициски службеници пристигнале на посоченото место, после половина час го лоцирале тракторот со приколка, исечените огреви дрва како и две лица и во координација со дежурниот полициски службеник во ПО Чашка кој што пак за случајот го известил и ЦИК СВР Велес, веднаш интервенирале, меѓу другото и околу обезбедувањето на самото место и утврдување на идентитетот на двете затекнати лица. Во меѓувреме од ПО Чашка бил повратно информиран Т.А. командир на ПСОН Велес кој дополнително дал насоки да се извести дежурната служба во ПСОН Велес и да се извести ОКТУПА при СВР Велес заради вршење крим- техничка обработка, како и надлежните во Шумската полиција Велес.

Полициските службеници на местото на настанот констатирале дека биле исечени околу седум просторни метри разни видови огревно дрво (габер, бука и костен) а во приколката на тракторот марка “CHANGFA 454“ (без регистарски таблички) биле натоварени уште околу два кубни метра дрва (по првична проценка на полициските службеници). Исто така лицата биле идентификувани а се работело за Ќ.С. (36) со привремен престој во Италија и Н.А. (19) и двајцата од село Горно Врановци.

Притоа Ќ.С. изјавил дека исечените дрва ги берел за лични потреби, без дозвола за сечење, од причина што пред неколку дена се вратил од Италија и немал време да ги извади потребните документи, укажувајки дека повеќето селани од Горно Врановци и околните села, за свои потреби , сечат дрва, без потребните дозволи. Но во еден момент Ќ.С. се тргнал на страна разговарајќи по телефон , по што набргу таму дошло лицето С.А. (43) од с. Г. Врановци, татко на Н.А. заедно со поголема група лица од с. Горно и Долно Јаболчиште , а нешто подоцна и од жители од село Сливник, со цел да спречат одземање на тракторот, така што во еден момент едно повозрасно лице отворено се заканило дека – “само преку нив мртви ќе бил одземен тракторот и приколката“, така што состојбата од релативно мирна, станала тензична со можност да ескалира.

Двајцата полициски службеници го известиле дежурниот во ПО Чашка за новонастанатата сосотојба, барајќи засилување. За сето ова околу 17,30 часот бил запознат командирот на ПСОН Велес кој што во меѓувреме заедно со помошник началникот на СВР Велес М.А. пристигнале во ПО Чашка, и тој издал наредба да се ангажираат и други полициски службеници кои се на работа и исто така и УПС кои не се на работа, меѓу кои и Т.И., водич на безбедносен реон во ПО Чашка, и во моментот, поради немање на командир во ПО Чашка, највисок старешина во ПО Чашка. Во текот на организирањето на засилување кон полициските службеници се придружиле и тројца службеници на Шумската полиција. Откако повеќе полициски службеници пристигнале на местото на настанот каде што била поголемата група жители од околните села и и им рекле дека дрвата со тракторот ќе бидат земени и однесени во ШС Бабуба, едно лице им се обратило од групата нагласувајќи дека додека не стигнат повисоки старешини тракторот и дрвата нема да се земат. Околу 19,00 часот помошникот началник на СВР Велес и командирот на ПСОН Велес пристигнале до мотелот во село Г.Врановци каде се задржале кусо време, без да заминат на местото на настанот и околу 21,00 часот се вратиле во ПО Чашка каде што требало да дојде началникот на СВР Велес и началникот на Одделението за полиција при СВР Велес Е.Т.

Додека се одвивало сето ова, на местото на настанот извршена е крим-техничка обработка, направено е фотографирање на тракторот со приколката и натоварените дрва, како и на исчечените дрва до него. Полицискиот службеник од ОКТУПА при СВР Велес по завршените службени дејствија заминал во ПО Чашка, каде пристигнал околу 21,20 часот а потоа со возило на ОКТУПА заминал кон Велес каде по пат бил пресретнат од З.Ј. и Е.Т., на кои од службениот фотоапарат им ги дал на увид направените фотографии од лице место.

Во 21,30 часот во ПО Чашка дошол и градоначалник во Општина Чашка, и тој заедно со З.Ј. Е.Т. Т.А. заминале кон с. Г. Врановци. Претходно, З.Ј. му се јавил на Р.Р., началник на ОКП при СВР Велес, и го запознал со настанот и добиените сознанија при што му издал наредба да се јави на Дежурниот јавен обвинител во ОЈО Велес и да побара насоки за постапување .

Началникот на ОКП се јавил во ОЈО Велес и и го запознал дежурниот обвинител за добиените сознанија, но не можел да одговори на дополнителните прашања од обвинителот од причина што за истите немал добиени информации. Затоа од ЈО биле добиени воопштени насоки , во однос на тоа како да се постапи со оглед на тоа што не се знае дали станува збор за кривично дело или прекршок и да се извести шумска полиција за таа да поднесе соодветна пријава, а во однос на тракторот било кажано дека во тој случај истиот не се одзема доколку не се докаже дека со него е извршено кривичното дело или прекршок , а тоа се утврдувало на лице место. Ова мислење на ОЈО Велес било пренесено на началникот на СВР Велес.

По пристигнувањето на местото на настанот З.Ј. и Е.Т. кратко разговарале со некои лица од групата, а потоа З.Ј ја повикал групата да се разотиде и да останат само три лица, на кои им наредил да се качат на тракторската приколка и да ги растоварат дрвата, што било сторено , по што З.Ј. му рекол на Ќ.С. (едниот од двете затекнати лица со тракторот) да го стартува тракторот, да замине и да се јави на домашните дека ќе имаат гости , и да припремат чај и кафе.За тоа време двајцата полициски службеници коишто први стигнале на местото на настанот кога стигнале до службеното возило со кое дошле наишле на тракторот со кој управувал Ќ.С. го сопреле и во консултација со водичот на безбедносен реон во ПО Чашка Т.И. изготвиле потврда за привремено одземени предмети за бесправно исечени седум просторни метри дрва, која што Ќ.С. одбил да ја прими и потпише со коментар дека – така не било договорено со началникот З.Ј.

Во врска со настанот бил изготвен записник за предавање на предмети (дрва) кој го примил и потпишал службеник од Шумската полиција, со забелешка дека предметите се одземени од Ќ.С., а исто така од ЈП Национални и Шуми -шумско стопанство “Бабуна“ е поднесен Записник за примање на пријава , со оглед на тоа што како оштетен се јавува ЈП Национални Шуми, за сторена штета во износ од 34.300 денари. Дрвата биле обезбедувани цела ноќ од Шумска полиција и ЈП Македонски Шуми се до утредента кога бил обезбеден утовар и превоз на истите од страна на ШС “Бабуна“, во склад за што била сочинета потврда за превоз на предмети
Вечерта по настанот, односно разотидувањето на групата луѓе полициските службеници З.Ј., М.А., Е.Т. и Т.А., заедно со градоначалникот на општина Чашка отишле во куќа во с. Г. Врановци , каде во присуство на неколку лица се напиле кафе а потоа, околу 23,30 часот заминале.

Во натамошниот тек на случување, со оглед на тоа дека во електронскиот билтен на МВР бил отворен настан и потребата истиот да се затвори од страна на водичот на безбедносен реон од ПО Чашка Т.И., телефонски било стапено во контакт со командирот на ПСОН Велес Т.А. откако го запознал со превземените мерки, односно сочинетата потврда за привремено одземени предмети и Записникот за предадени предмети, на Т.И. му била издадена наредба истите да се уништат и да се изготват со “пронајдени предмети од НН сторител“. Така што по ова од ШПС Велес било побарано да се издаде нова потврда за предавање на предмети. Во однос на целиот случај од страна на ПО Чашка, ПСОН Велес и СВР Велес, во наредниот период не се превземени никакви понатамошни активности ниту настанот е елабориран на работните состаноци на раководната структура на СВР Велес.

Сепак околу настанот од 09.12.2019 година, во с. Г. Врановци, ОЈО Велес со Наредба доставена до СВР Велес 09.01.2020 година, бара – во врска со поднесена Кривична пријава бр. 141-148/5 од 24.12.2019 година од страна на ШПС Велес – да бидат превземени активности во однос на пронаоѓање на сторителот на пријавеното кривично дело, која е проследена за постапување во ПО Чашка. Во постапувањето по предметната наредба, од страна на задолжениот полициски службеник, Т.И. водич на безбедносен реон во ПО Чашка , без да се извршат бараните проверки, паушално е изготвено Известување од 03.02.2020, за што е и изготвен и пропратен акт до ОЈО Велес , кој не е заведен со број во Деловодната книга на СВР Велес.

При отпочнувањето на проверките од страна на ОВККИПС по анонимната претставка, предметното известување со попратниот акт со Потврда за привремено одземени предмети од 07.02.2020 год., се одземени а, за истото веднаш непосредно е известен ОЈО Велес . Покрај ова, актуелниот началник на СВР Велес го извести ОВККИПС дека во однос на предметната наредба од ОЈО Велес од страна на СВР Велес е сочинето ново известување од 11.02.2020 год., врз основа на проверки извршени од 10.02.2020 год., од полициски службеници од ПО Чашка, и притоа во истото се наведува за постоење на индиции за сторителот на кривичното дело , односно дека истиот е Ќ.С. од с. Г. Врановци.

Според Записник за примање на пријава , ЈП Национални и Шуми – Шумско Стопансво „Бабуна‘‘ и кривичната пријава од 24.12.2019 година, како оштетен се јавува ЈП Национални Шуми, а сторената штета е проценета во износ од 34.300 денари.

Црна хроника

Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба

Објавено пред

Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.

dobivaj vesti na viber

Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Топ

Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик

Објавено пред

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.

dobivaj vesti na viber

Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.

Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Кривична за вработен во Национални шуми

Објавено пред

Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.

dobivaj vesti na viber

На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ13 часа

Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид. Од МВР информираа дека инцидентот...

Македонија14 часа

Арсовска: Министерката за култура успеа самата себеси да се побие и не одговори на ниедно прашање

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска успеа самата да се побие и не одговори на ниту едно прашање коешто беше поставено,...

Топ15 часа

Кривична против Курто Дудуш: за директори на градинка именувал лица што не биле вработени таму

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 49-годишниот К. Д., градоначалник на скопска општина...

Македонија16 часа

„Два месеца нема плата за вработените, а пред избори се примаат работници“ – „Национални шуми“ на протест

Триесет подружници се собраа пред Јавното претпријатие „Национални шуми“ со цел да го изразат незадоволството оти втор месец немаат добиено...

Македонија17 часа

Со Арсовска ќе се видиме на суд да објасни како јас сум знаела, а не сум пријавила пожар во Универзалната сала, најави министерката за култура

За министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, вчерашните обвинувања од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, се лаги, скандалозни тврдења и обид...

Македонија17 часа

Грејната сезона продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како...

Македонија19 часа

Училиштата не може да објаснат како е направен изборот на фирмите за чии услуги плаќаат родителите: набавките за униформи за учениците, за фотографирање и за ужина се нетранспарентни

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето „Отсуство на процедури, транспарентност и отчетност кај набавките што се финансираат со пари...

Регион20 часа

По високите температури, Србија во снег: мештаните шокирани

Силниот дожд во утринските часови на територијата на западна Србија прерасна во лапавица и снег, а на Златибор веќе е...

Свет21 час

ОН се обидуваат да го спречат гладот ​​во Газа: „Постојано некои нови проблеми“

Обединетите нации(ОН) се уште се борат да се обидат да го спречат гладот ​​во Појасот Газа. Иако има одредено подобрување...

Македонија21 час

Мицкоски: 13-ти ден од кампањата, а Пендаровски не кажа ни збор за криминалите на ДУИ, за „Соравија“, за грабежот – тоа значи дека го прифаќа

Најголемата трагедија е што овие години полека, но сигурно системот е срушен. Системот кој е создаден да служи на народот,...

Свет21 час

Израел го остава Иран во неизвесност во врска со нивниот одговор за нападот: „Нека бидат нервозни“

Ставот на израелскиот воен кабинет е дека Иран треба да продолжи да погодува каков ќе биде одговорот на Израел на...

Македонија21 час

Пендаровски: Tие што беа против преспанскиот договор сега се фалат со НАТО-членството

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вчера вечер во Велес рече Силјановска да избере што ќе биде, претседател или врховен командант...

Македонија2 дена

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, праша врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, како и...

Македонија2 дена

Намален е бројот на ученици во училиштата во државата

Намален е бројот на ученици во основните и средните училишта, во учебната 2022/2023 година, укажуваат податоците во извештајот на Државниот...

Македонија2 дена

Со нова систематизација Синдикатот на „Македонска пошта“ сам ќе ги укине вработените што не доаѓаат на работа оти Владата и Управниот одбор молчат

Синдикатот на „Македонска пошта“, во соработка со вработените и со ангажирање експерти, ќе подготви нова систематизација, која ќе ја достави...

Македонија2 дена

„Немам партиска книшка, само крводарителска“ – приватните специјализанти реагираат на изјавата на Демири за политичка заднина на штрајкот

Штрајкот на приватните специјализанти продолжи и денес и како што најавуваат ќе трае додека не добијат на писмено од Владата...

Свет2 дена

Израел: Мораме да го запреме Иран пред да биде предоцна, воведете му санкции

Министерот за надворешни работи на Израел, Израел Кац, денеска ги повика земјите да воведат санкции за ракетната програма на Иран...

Свет2 дена

Иран: Следниот напад ќе биде во рок од неколку секунди

Се’ повеќе високи ирански претставници ги предупредуваат и Израел и Западот за последиците од можната израелска одмазда. Така, иранскиот воен...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски. Во ЕУ се почитуваат основните човекови права и се унапредуваат, а...

Македонија2 дена

Стојаноска во Тетово: угостителите сезонски се селат во други држави, не се задоволни од актуелната власт

Вчерашниот ден Дафина Стојаноска – членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ го искористи и за средба со Здружението на угостители од...