Црна хроника
Кривична пријава за самовластие за вработената во „Комунална хигиена“ по инцидентот со новинарска екипа
Министерството за внатрешни работи информира дека во врска со пријавено кривично дело самовластие, пријавено на 8.8.2022 од страна на Ф. С., новинар од ТВ „Клан“, а сторено од А. М. Б., вработена во ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, во просториите на јавното претпријатие преземени се соодветни мерки и активности и случајот е расчистен, информираа надлежните.
Од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал, биле преземени мерки и активности за документирање на кривично-правниот настан, при што на 9.8.2022 во просториите на ЕНК ОНК при СВР Скопје била повикана А. М. Б., која ѝ го одзела мобилниот телефон на оштетениот Ф. С. и со неа бил извршен службен разговор во врска со пријавеното кривично дело.
Исто така, на 9.8.2022 година, во просториите на ЕНК ОНК при СВР Скопје повикан е С. К., вработен во ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, кој бил присутен за време на настанот, соопшти полицијата.
По извршената консултација со ОЈО Скопје, против А. М. Б. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.