Црна хроника
Кривична пријава за струмичанка – си враќала пари за позајмица која никогаш не ја дала
Отсекот за економски криминал при Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Л.К.(43) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 и послужување по член 240 од Кривичниот законик.
Пријавената Л.К., во својство на сметководител на два правни субјекта од Струмица кои се во стечајна постапка, а биле нејзина сопственост, противправно присвоила 535.300 денари.
Делата ги сторила така што на својата лична сметка незаконски враќала парични средства од правните лица по основ „поврат на позајмица“, иако таа никогаш немала дадено позајмица во двата правни субјекта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.