Црна хроника
Кривична пријава против вработени во охридската општа болница, наплатиле фактура за сервисирање на нов апарат
Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична против О.Л.(49) од Струга, поранешен шеф на отсек за комерција и јавни набавки во ЈЗО „Општа болница”- Охрид и против М.К. (58) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Во текот на 2014 година првопријавената, како шеф на отсек за комерција и јавни набавки во ЈЗО „Општа болница”- Охрид, издала налог за исплата на фактура за сервисирање на нов апарат – колоноскоп, и покрај тоа што гарантниот рок не бил поминат, додека второпријавената, како финансиски директор на ЈЗО „Општа болница”- Охрид, и покрај тоа што знаела за гарантниот рок, дозволила да биде исплатена фактурата за сервисирање на апаратот.
Со ова пријавените ѝ нанеле материјална штета од 57 947 денари на ЈЗО „Општа болница”- Охрид. Исто така, во текот на октомври 2016 година првопријавената, од фирмата „Уни медикал” набавила апарат електрокаутер за вредност од 3 000 000 денари, иако истиот имал вредност од 900 000 денари, додека тендерот за набавка на наведениот апарат, првопријавената го распишала во март 2017 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.