Црна хроника
Кривична пријава против гинеколог од Велес поради примање поткуп
Секторот за внатрешни работи – Велес поднесе кривична пријава против 58-годишната С.Д. од Велес за сторено кривично дело „примање поткуп”.
Како што информираа од полицијата, таа 7 јуни годинава во Велес, во ЈЗУ Општа болница – Велес, вработена како гинеколог акушер во наведената болница, побарала од В.П. 50 евра без напомена за каква здравствена услуга се наменети, по што сопругот на В.П. ѝ го дал на истата бараниот износ. По ова, наведениот паричен износ не бил наведен во фискалната сметка за здравствените услуги на оштетената, велат од полицијата.
На 26 истиот месец, додаваат од МВР, пријавената и нејзиниот сопруг го убедувале сопругот на В.П. да ја повлече пријавата, при што му вратиле 50 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.