Црна хроника
Кривична пријава против двајца полициски службеници поради злоупотреба на службената положба и овластувањето
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против двајца полициски службеници во надворешна канцеларија за криминалистички работи во Гевгелија.
Кривичните пријави се поднесени поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела противправно лишување од слобода по член 140, став 4 вв, став 1 за злоупотреба на службената положба и овластувањето по член 353, став 1 од Кривичникот законик на Република Македонија, соопштија од полицијата.
„Пријавените во својство на овластени службени лица со полициски овластувања ја злоупотребиле службената положба и овластувањето со пречекорување на границите на нивното службено овластување, при што во центарот на Гевгелија без наредба од суд противправно лишиле од слобода две лица и ги однеле во полициската станица од општа надлежност во Гевгелија, каде што им била ограничена слободата на движење по што над лицата и возилото извршиле претрес и за преземените дејства не изготвиле службени материјали за евидентирање на настанот.
Против полициските службеници поведена е и постапка за дисциплинска одговорност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.