Црна хроника
Кривична пријава против две лица за измама при добивање кредит или друга погодност и помагање
Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Кичево поднесе кривична пријава против 47-годишниот М.Б. од село Аранѓел, Кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело измама при добивање кредит или друга погодност и против 39-годишниот Н.М. од село Шутово, кое исто така се наоѓа во околината на Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело помагање во врска со измама при добивање кредит или друга погодност, информираа од полицијата.
Настанот се случил во 2013 година, информираат од МВР и додаваат дека пријавениот во јули 2013 година во МВР, отсек за управни работи во Кичево, поднел барање за издавање уверение за жителство, при што во прилог доставил лажна изјава дека од Швајцарија се враќа да живее во Македонија. Потоа, издаденото уверение за жителство тој го употребил во постапка за идентификација на патничко возило „пежо 405“ во Бирото за метeорологија при Министерството за економија во Скопје, со цел да ја искористи погодноста според член 24 од Законот за возилата, а второпријавениот, пак, како што наведуваат од МВР, му давал совети и му помогнал на првопријавениот при изготвувањето на лажната изјава за жителство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.