Црна хроника
Кривична пријава против едно лице за фалсификувана исправа
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против лицето А.Р. поради постоње на основано сомнение за сторено кривично дело фалсификување исправа.
Како што се наведува, пријавената А. Р. во текот на 2018 година, со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе, иако била свесна дека истата не е сопственик на недвижен имот – градежно неизградено земјиште во вкупна површина од 344 м2 и градежно неизградено земјиште во вкупна површина од 982 м2, а кој имот е во сопственост на Репблика Северна Македонија, во Агенција за катастар на недвижности во два наврати употребила две фалсификувани јавни исправи како правен основ врз основа на што побарала запишување на правото на сопственост, кој имот потоа бил запишан на име на пријавената А.Р.
Со наведените дејствија пријавената А.Р. сторила кривично делофалсификување исправа по член 378 ст.3 в.в. ст.1 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.