Црна хроника
Кривична против двајца скопјани и еден Грк поради трговија и криумчарење мигранти
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против лицата двајца скопјани, едниот на возраст од 28-години со иницијали А.А. и вториот на возраст од 41 година со иницијали Љ.Ш., како и против НН лице од Грција поради постоење основи за сомнение дека сториле кривични дела „организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење мигранти“ и „криумчарење мигранти“, согласно со КЗ на Република Македонија, соопштија од МВР.
„Пријавените, заедно со лицата А.Н. и Л.С., кои претходно беа опфатени со кривична пријава, заради стекнување на противправна имотна корист, организирале криминална група со цел вршење кривични дела криумчарење на групи илегални мигранти од територијата на Грција на територија на Република Македонија. По ова, илегалните мигранти биле прифаќани од страна на членовите на криминалната група предводена од пријавените, ги превезувале кон Кумановско-липковскиот Регион, каде времено се засолнувале, а потоа илегалните мигранти се криумчареле кон Србија“, соопштуваат од МВР.
Од страна на Судија на претходна постапка на А.А. и Љ.Ш им е одредена и мерка притвор во траење од по 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.