Црна хроника
Кривична против две фирми и нивниот управител од Велес зошто затајувале данок
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Велес против управител на правните лица ТД АДО 95 и ТД ГАЦО КОМ, како и против правното лице ТД АДО 95 и правното лице ТД ГАЦО КОМ, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дел даночно затајување и фалсификување или уништување на деловни книги.
Како што наведува финансиска полиција, првопријавениот В.О. во својство на управител на правните лица ТД АДО 95 и ТД ГАЦО КОМ, во периодот од 01.01.2016 година до денес, со цел да се стекне со противправна имотна корист, во име и за сметка на второпријавеното правно лице ТД АДО 95 и третопријавеното правно лице ТД ГАЦО КОМ, во завршните сметки за 2018 година прикажал невистинити податоци, односно не извршил отпис на ненаплатените побарувања од купувачите кои се постари од три години, и тоа за вторпријавеното ТД Адо 95 во износ од 43.103.393,00 денари, за третопријавеното ТД Гацо ком во износ од 23.783.183,00 денари со што не ја зголемил добивката во однос на непризнаени расходи за даночни цели, за кои износи не пресметал, не пријавил и не платил данок на добивка во износ од 4.310.339,00 денари за второпријавеното правно лице ТД Адо 95 и износ од 2.378.183,00 денари за третопријавеното правно лице ТД ГАЦО КОМ.
Со претходнонаведените дејствија, пријавените лица го оштетиле буџетот на Република Северна Македонија во вкупен износ од 6.688.658,00 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.