Црна хроника
Кривична против ексдиректор на комуналното претпријатие во Кратово
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кратово до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против М. Ц. (61) од Кратово поради основано сомнение дека сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето.
Според информациите од МВР, пријавениот од 1.2.2018 до 1.4.2019 година, додека ја извршувал функцијата директор на Јавното претпријатие за комунални дејности и инфраструктура Кратово – Кратово, ја злоупотребил својата службена положба и овластувањето со неизвршување на својата службена должност и самоволно, без да биде објавен јавен оглас и да спроведе тендерска постапка за доделување и склучување договори за јавна набавка, набавувал стоки со вредност поголема од 500 евра и изнајмувал други услуги без никакви договори од разни правни лица од земјата, со што извршил противправен промет на стоки и работи во вкупна вредност од 1.933.706 денари, кои се исплатени од сметката на ЈПКДИ Кратово – Кратово на наведените правни лица, со што го оштетил буџетот на државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен крадец во Кавадарци
Вчера во 18.50 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле Ф.Ј.(18) од Кавадарци.
Тој се сомничи дека извршил „кражба“ од дворот на манастирот „Свети Никола Моклишки“ во атар на с.Ваташа, кавадаречко, при што одзел повеќе предмети. Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот.
За настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
167 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје вчера продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, девет мерки за користење на мобилен телефон при возење…
Црна хроника
Четири лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Четири лица пријавиле во полициска станица дека биле искасани од кучиња скитници вчера во Скопје.
На 26.03.2024 во 12.55 часот во Полициската станица Центар, А.К.(24) од Прилеп пријавил дека на ул.„Орце Николов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 26.03.2024 во 13.35 часот во Полициската станица Центар, И.А.(60) од Скопје пријавил дека на ул.„Радњанска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 26.03.2024 во 13.50 часот во Полициската станица Центар, В.В.(57) од Охрид пријавил дека во Скопје, на подрачјето на Центар бил каснат од куче скитник.
На 26.03.2024 во 12.45 часот во Полициската станица Аеродром, Д.К.(53) од Скопје пријавила дека на ул.„Беласица“ во Скопје била касната од куче скитник.