Црна хроника
Кривична против скопјанец поради недозволена трговија со оружје
Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија поднесе кривичнa пријавa против И.К.(27) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.
„На 13.08.2019 од страна на полициски службеници на ул. Џон Кенеди во општина Чаир, сопрено било возилото што го управувал осомничениот. По извршениот преглед, под седиштето пронајден бил пиштол, празна рамка и празна кутија за муниција. Лицето било приведено во Полициската станица Бит-пазар, а врз основа на судска наредба, извршен бил претрес во неговиот дом, при што пронајден бил еден револвер 357 магнум (4,5мм) и шест куршуми непозната марка и калибар за кои таткото на пријавениот се изјаснил дека биле негова сопственост. Пронајдените предмети со потврда се одземени за вештачење“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.