Црна хроника
Кривични за четири лица кои ограбиле продавници за оружје во Скопје
Скопската полиција поднесе кривични пријави против четири лица кои украле голема количина на оружје и муниција.
Како што информираат од МВР, кривични пријави се поднесени против Б.З. (27) поради сомнение за сторени три кривични дела (две „тешка кражба“ и едно кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи“), потоа против А.Ј. (23) и А.Б. (25) осомничени за две кривични дела – едно „тешка кражба“ и едно кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи“. Исто така поднесена е кривична пријава и против Б.Ј. (57) за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи“.
Полицијата информира дека со извршувањето на овие кривични дела сторителите се здобиле со противправна имотна корист од околу 4.800.000 денари.
Според истрагата, првото кривично дело пријавениот Б.З. со уште четири лица го извршил во периодот меѓу 11 и 13 ноември минатата година во продавница за ловна опрема и пиротехнички материјали лоцирана на скопската улица „Васил Ѓоргов“, од каде што одзеле 52 пиштоли и револвери од разни марки и калибри и три гасни пиштоли.
Второто кривично дело го сторил зедно со пријавените А.Ј. и А.Б. на 09 декември минатата година во продавница за оружје и пиротехнички материјали лоцирана на улицата „Кеј 13-ти Ноември“ во Скопје, од каде што одзеле 19 парчиња пиштоли од разни марки, девет пушки од разни марки, од кои пет ловечки, три малокалибарски и една воздушна пушка.
По извршената кражба со автомобил „ауди караван“, управуван од А.Б. го напуштиле местото на настанот.
По добиените сознанија, полицијата со судска наредба извршила претрес на дом и други простории кај пријавените лица, при што кај второпријавениот А.Ј. била пронајдена поголема количина на оружје и муниција, како и во домот на четвртопријавениот Б.Ј. Исто така, извршен бил претрес на угостителски објект (сопственост на А.Ј.) каде што биле пронајдени поголема количина на оружје и муниција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.