Црна хроника
Кривични пријави за бесправна сеча на дрва во Кичево
Кичевската полиција поднесе кривична пријава против З.Г.(49) од Кавадарци, генерален директор на Јавното претпријатие за стопанисување со шуми во државна сопственост„Национални шуми“ – Скопје и З.К.(61) од Кичево, раководител на Шумското стопанство „Лопушник“ – Кичево поради злоупотреба на службената положба и овластување.
Во пријавата, опфатени се и шумочуварите Ж.В.(59) од кичевското село Свиљиште, Ѓ.Т.(59) од Кичево и В.М од селото Другово, референт за превоз во „Лопушник“, за сторени казнено дело „несовесно работење во службата“. Со извршувањето на казнените дела, се овозможила бесправна сеча на 2.293,51 метри просторни дрвна маса сопственост на ЈП ,,Македонски шуми“ со што му предизвикале материјална штета во вкупен износ од 20.552.350 денари.
„На 25.06.2019 година, пријавениот генерален директор на ЈП „Национални шуми“, го овластил второпријавениот да склучи купопродажен договор за огревно дрво кои не се предвидени за сеча. Тој, свесно приложил друг записник за пресметани средства за проширена репродукција, со кој на правното лице „Коста-Комерц“- Кичево,му овозможил заради препродажба да купи дрвни сортименти во вкупна вредност од 116.230,00 денари. Второпријавениот, на останатите пријавени им наложил да вршат шумочуварска служба во други региони без претходно да формира комисија за примопредавање на шумочуварските реони. Трето и четврто пријавените, во периодот од 02.07.2019 до 14.08.2019, со пропуштање на должен надзор, несовесно постапиле во вршење на своите овластувања и должности на одговорни лица-шумочувари во ШСЕ “Љубен-Србјани“ во ЈП „Национални Шуми“ – ПШС „Лопушник“- Кичево’, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.