Црна хроника
Кривични пријави за двајца полицајци што претепале тинејџер во Охрид
Одделот за внатрешна контрола при МВР поднесе кривична пријава против двајца полицајци од Полициската станица Охрид поради сомнение за сторени кривични дела малтретирање во вршење на службата и тешка телесна повреда.
Едниот полицаец е 39-годишен жител на струшкото село Подгорци, а другиот е 47-годишник од Пештани.
Како што онформираат од МВР, на 21 јули годинава на улицата 7 Ноември“во Охрид, при преземање службени дејства, пријавените примениле средства за присилба при апсење 18-годишен охриѓанец, кој им давал отпор.
Меѓутоа, претерале со средствата за присилба и на момчето му нанеле тешка повреда.
Против осомничените полицајци поведена е дисциплинска постапка пред надлежната комисија за сторено потешко кршење на работниот ред и дисциплина и тие се отстранети од работното место до завршување на постапката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.