Црна хроника
Кривични пријави за пуштање бомби на разглас
Полицијата поднесе кривични пријави против четири лица за пуштање бомби на разглас. Кривичната пријава следува бидејќи на 4 април за време на изборната кампања тие во Прилеп организираа мал собир на кој на разглас пуштија неколку нелегално прислушувани разговори.
Прилепската полиција до Обвинителството поднесе кривична пријава против Љ. П. (55) од Тетово, Г. Н. (49) од Прилеп, Т. М. (44) од Битола и Г. Т. (51) од Прилеп поради неовластено прислушување и тонско снимање предвидено и казниво по чл. 151, ст.2 од КЗ на РСМ.
„На 4 април годинава, околу 19 часот, во Прилеп, на улицата Мице Козар се одржал ненајавен протестен собир организиран од страна на движењето ‘Бојкотирам’ од Скопје. Првопријавениот одржал говор каде што во еден момент побарал од второпријавениот Г. Н. да пушти на лаптоп, кој бил приклучен на озвучување, тонска снимка од разговор помеѓу две лица, најверојатно, телефонски, за која постои основа на сомнение дека е неовластено тонски снимана.
Втората аудиоснимка од страна на првопријавениот е пуштена последователно на ист начин. Предметните тонски снимки се пуштени за преслушување за присутните учесници на собирот, како и за лицата што по пат на интернет на социјалната мрежа „Фејсбук“ во живо го следеле настанот кој бил пренесуван од второ, трето и четвртопријавените преку нивните мобилни телефони во реално време“, соопшти полицијата.
На 5 април Љ. П., Г. Н. и Т. М. се задржани во полициската станица во Прилеп. Со наредби за претрес од Основниот суд Прилеп, кај Г. Н., Т. М. и Г. Т. извршени се претреси во нивните домови, а за првопријавениот извршен е претрес на неговото возило „ситроен Ц4 кактус“, кое сам го донел во кругот на ПС-ОН Прилеп. Одземените предмети (нивните мобилни телефони, мемориски картички, УСБ и друга електронска и компјутерска опрема) се доставени за вештачење во МВР на РМ – ОКТИВ Скопје. Истовремено, од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при БЈБ на МВР доствен е прилог ДВД со документирани профили на социјалната мрежа „Фејсбук“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.