Црна хроника
Кривични пријави поради пиштоли и муниција пронајдени во гостиварско Чајле
Гостиварската полиција поднесе кривична пријава против двајца жители од гостиварското село Чајле поради сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје“.
Како што информираат од МВР, на 14 март годинава во домот на пријавените, бил извршен полициски претрес, при што биле пронајдени и одземени пиштол „глок“ калибар 9 милиметри, карабин „хаенел“ калибар 30-06 милиметри, нож со футрола, пет куршуми, црна кутија со батериска ламба и полнач, два пиштола „застава“, револвер „смит енд весон“ калибар 45 милиметри, 93 куршуми калибар 30-06, еден куршум калибар 44 „рем магнум“, куршум калибар 38-40 и куршум калибар 6.35 милиметри.
*Насловната слика е илустрација, а не од претресот
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.