Црна хроника
Кривопаланчанец излетал од патот и загинал
Маж од Крива Паланка, на возраст од 36 години, возејќи кон дома, излетал од патот и загинал.
Како што соопшти полицијата, во саботата околу 21.50 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, кај местото викано „Грамаѓе“, И.Н. (36) од Крива Паланка, управувајќи автомобил „Опел Астра“ со кривопаланечки регистарски ознаки, излетал од патот и починал на местото на настанот.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на ПС Крива Паланка. од 22.50 до 00.45 часот сообраќајот бил во прекин во двата правци./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.