Црна хроника
Кумановец осомничен за разбојничка кражба и напад врз полициски службеници
Кумановец бил фатен при кражба во маркет од страна на вработен во обезбедувањето, при што осомничениот употребил сила и закана и успеал да побегне. Утредента осомничениот им се заканил со нож на полицајци кои се обиделе да го уапсат. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице поради опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците/оштетените и можност да го повтори делото.
„На 3 мај, во маркет лоциран на улицата Ѓорче Петров во Куманово, затекнат при кражба од страна на вработен во обезбедувањето на маркетот, осомничениот 30-годишник употребил сила и сериозна закана дека ќе нападне врз неговиот живот и тело со намера украдените предмети да ги задржи. Имено, тој со употреба на сила и алат ја отворил влезната врата од маркетот, влегол внатре и од една од касите одзел парични средства во износ од 79.200 денари во различни апоени и една банкнота од 50 евра, како и една картонска кутија со цигари од разни марки. При излегување од објектот бил затекнат од страна на обезбедувањето, и во моментот кога вработениот од обезбедувањето го фатил за левата рака, осомничениот од десната ја испуштил кутијата со цигарите и извадил нож со кој замавнал кон вработениот. Поради ова вработениот во обезбедувањето му ја пуштил раката, по што осомничениот се дал во бегство“, се вели во соопштението.
Исто така, како што се додава, на 4 мај во населбата Перо Чичо, во местото викано Чешмиче во Куманово, осомничениот сериозно се заканил дека ќе нападне службени лица при вршење работи на јавната безбедност што се однесувале на фаќање на сторител на кривично дело. На двајцата полициски службеници кои се обиделе да го уапсат по извршената разбојничка кражба им се заканил со нож, па тие испукале еден предупредувачки истрел во воздух.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.